Американски кадети ги учат културата и јазикот на Македонија

Студенти од американскиот колеџ „Род ајленд“ кои доста често патуваат во странство преку контактите за надворешни студии, овој пат раскажуваат за посетата на Македонија, каде што имале прилика да им помогнат на овдешните граѓани и да научат многу за земјата и луѓето, пишува Дневник.

Ваквата посета е со цел студентите да се нурнат во локалната култура и да се запознаат со нормите на вредностите на земјата која не е негова.  

Еден од нив е Делука дипломиран студент на социологија кој заедно со уште 22 кадета учествуваше на едномесечната мисија во нашата земја. Програмата е наречена „Kултурно разбирање преку јазикот на вештините“ (CULP). Сите тие имале можност да организираат излет за ученици, донирале облека што ја собрале од дома, со цел да им ја дадат на оние на кои што им е најпотребна. 

 

„Во Велес, оддалечен 60 километри од главниот град на Македонија, Скопје, кадетите напорно работеа на локацијата „Хабитат за човештвото - Македонија“. Тие растовараа големи камиони со тули, расчистуваа простор за да се постават жици. Работеа многу напорно“, пишува на страницата на „Хабитат...“.
Нивната 

Целта е да се изградат живеалишта за многу загрозени семејства во градот со 55 илјади жители. 

- Преку ден кадетите имаа часови по македонски јазик. Тие, пак, одржуваа предавања за алтруизам и волонтерство, кои не се многу застапени во секојдневната национална култура на Македонија - пишуваа на веб-страницата на „Хабитат...“.

Kадетите посетија и неколку културно-историски споменици во земјава и се сликаа качени на скопскиот Аквадукт.

Повеќе на Дневник

29.09.2014 - 12:33

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега