Кривична за полицајка од Гевгелија - направила хаос во полициската станица

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Н.С.(36), полицајка во Гевгелија заради постоење основано сомнение дека сторила кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Н.С. на 14.06.2014 година и покрај отсуството од работа изготвила наредба за работа подолга од полното работно време, а изготвила и службени материјали за задржани лица, во кои внела невистинити податоци и истите ги потпишала во име на други вработени со преправање на нивниот потпис, а потоа ги доставила до непосредниот раководител.

29.09.2014 - 12:38

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега