Се сруши покривот во Хемиско во Скопје - еден ученик во болница

Во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ за време на часот, се одронил дел од плафонот врз главата на еден од учениците по име Мартин, пишува Плусинфо.

Немилиот настан се случил во петокот за време на третиот час, кога наеднаш таванот попуштил и дел од него завршил врз ученикот. 

Другарите вознемирени веднаш се упатиле да му помогнат, по што Мартин веднаш бил пренесен во болница. 

 „Кровот се руши, никој не презема никакви мерки. Затоа, оваа година повторно можевме да изгубиме наш соученик и другар. На четвртиот час големо парче од кровот падна врз главата на нашиот соученик Мартин, кој за голема среќа немаше никакви сериозни последици. Ова е првата причина поради која одлучивме да направиме протест“, пишува во писмото од загрижени родители кое пристигнало до редакцијата на Плусинфо.

29.09.2014 - 11:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега