Ивановски на Светски самит за информатички технологии во Мексико

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска ќе учествува на Светскиот саем за информатички технологии 2014 кој ќе трае до 1 октомви во градот Гвадалахамара во Мексико.

Ивановски ќе се обрати на две панел дискусии, -„Иднината на широкотпојасниот интернет“ и „Отворени податоци за транспарентна влада“, а исто така ќе одржи и презентација пред ИКТ комораната на Мексико.

 

Планирано е на самитот да земат учество 50 излагачи и околи 2500 делегати од 80 земји, владини и академски претставници, извршни директори на ИКТ компании, медиуми, невладини организации, како и водачи на корпорации кои ќе разговараат и разменуваат мислења за новите ИКТ прашања на глобално ниво. Главна тема ќе биде „Градење на заедничка дигитална ера“ во рамките на која ќе бидат покренати и правни и економски прашања поврзани со неа.  

29.09.2014 - 10:54

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега