Неаполскиот Театар Сан Карло на 9 октомври во МНТ

Театарот Сан Карло ќе се претстави во Македонскиот народен театар на 9 октомври со изведба на концерт/омаж посветен на најголемиот неаполски тенор Енрико Карузо - „Легендарниот Карузо“. 

Театарот Сан Карло е еден од најстарите театари во Европа, еден од симболите на Неапол, храм на италијанската опера кој своето присуство во Република Македонија ќе го оствари благодарение на воспоставената соработка со Република Италија и потпишаниот договор за соработка со Giffoni Experience, Италија. 

Агенцијата за филм, Здружението за ширење на филмската култура Џифони М и МНТ по повод гостувањето на овој театар во Македонија денеска ќе одржат прес-конференција.

 

 

 

 

 

 

29.09.2014 - 10:09

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега