Грција: Македонците да си стават ФИРОМ во пасошите - никој да не им се обраќа со Македонија

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска уште еднаш изрази потреба да го објасни ставот на Атина во врска со прашањето за името на Македонија, јави дописникот на МИА.

Министерството смета дека е „корисно да потсети“ на грчките ставови „со оглед на тоа што некои екстремни кругови се прават дека не знаат ништо или се изненадени што дознаваат сега, од говорот на министерот за надворешни работи на овогодинешното Генерално собрание на ОН – за позицијата на Грција во врска со спорот за името“ на Македонија.

Во соопштението се потсетува дека позиција на Грција за сложено име со географска одредница пред зборот „Македонија“, а не пред зборот „Република“, за секаква употреба (ерга омнес), за сите намени, домашни и меѓународни, е формирана во текот на многу години, и постојано се повторува во грчкиот Парламент и на меѓународни мултилатерални и билатерални средби. Грчкиот претставник во процесот на ОН, кој го води медијаторот МетјуНимиц учествува врз основа на оваа позиција.

- Претпоставуваме, очигледно за сите е дека привременото име (Поранешна Југословенска Република Македонија), со кое нашата соседна земја влезе во ОН во 1993 година, и со кое учествува во голем број меѓународни организации, активности и состаноци, е сложено име со придавки пред зборот ’Република’, а не пред зборот ’Македонија’. Ова привремено име не се користи за сите употреби (ерга омнес), туку во меѓународни организации и на состаноци и активности кои се организираат и билатерално со многу земји, но за жал не и внатрешно, ниту во пасошите, и не билатерално со многу земји кои ја имаат признаено ПЈРМ со т.н. уставно име, стои во текстот.

Ова, се наведува, е една ситуација каде се крши меѓународното право и треба да се промени. - Грчкиот одговорен и јасен став е единствен, кој води кон промена на оваа ситуација, се вели на крајот од денешното соопштение на грчкото МНР. 

29.09.2014 - 10:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега