Посетата на тројката кредитори на Грција ќе ги уништи надежите за излез од програмата за штедење

Претстојната посета на тројката кредитори на Грција ќе ги елиминира сите очекувања за излез од меморандумите за штедење и финансиска помош кои Владата се обидува да ги поттикне, соопшти грчката опозициска партија Сириза, јави дописникот на МИА од Атина.

Според партијата, даночните олеснувања кои ги вети премиерот Андонис Самарас, не само што не се соодветни и не успеаја да ја укинат постоечката рамка на „меморандумот“, туку ќе ја продолжат засекогаш.

Сириза исто така нагласи дека Владата, која се соочува со незадоволството на грчкото општество, се обидува да го претстави продолжувањето на „вонредниот“ солидарен данок и намалувањето на специјалниот потрошувачки данок на нафта за греење како успех, а во исто време планира нов круг отпуштања во јавниот сектор и целосна либерализација на работните односи.

- Станува јасно дека Владата останува заробена во спроведувањето на меморандумот по секоја цена и не може никого да убеди дека е способна за реално отстапување од тоа, се вели во соопштението на опозициската партија.

Тројката меѓународни кредитори утре се враќа во Атина што претставува петта проверка на грчката програма за стабилизирање на економијата (меморандум) во замена за доделување заеми на земјата. 

29.09.2014 - 10:30
Фото: 
29.09.2014 - 10:24

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега