Американците ја потценија „Исламска држава“

Американското разузнавање ја потцени активноста на групата „Исламска држава“ на територијата на Сирија, која се претвори во „нулта кота“ за џихадистите од целиот свет, изјави претседателот на САД Барак Обама во интервју за телевизијата Си-би-ес.

Од друга страна, рече Обама, САД ја преценија способноста на ирачката армија да војува против вооружените исламистички групи.

Повикувајќи се на претходни изјави на директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер, Обама призна дека американското разузнавање го потенило тоа, што се случувало во Сирија.

- Пред повеќе години време маринците ја разбија Ал каеда во Ирак со помош на локалните племиња и исламистичките бунтовници се сокрија. Но во последните неколку години, за време на граѓанската војна во Сирија, каде огромни делови на земјата станаа целосно надвор од контрола, терористите успеаја да ги обноват силите и да извлечат корист од тој хаос, додаде Обама.

- Ние треба да ја разбиеме Исламска држава, да го ограничиме нејзиниот простор, да удриме врз нивните командни центри, нивните способности, снабдувањето со гориво, да го прекинеме нивното финансирање и да го запреме протокот на странски борци, заклучи претседателот на САД.

29.09.2014 - 09:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега