Претседателот Иванов утре ќе има обраќање на конференцијата „Македонската мрежа на ментори“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре ќе има свое обраќање на Првата регионална конференција за вмрежување во организација на „Македонската мрежа на ментори“.

 Конференцијата на која ќе се обрати претседателот е на тема „Биди ментор, промени нечиј живот“, а е наменета за размена на искуства и вештини помеѓу претприемачи, експерти, стопанственици и владини претставници.

Целта на конференцијата е да се поттикне важноста на менторскиот процес, како и вмрежувањето во Република Македонија и во регионот.

 

 

најчитано сега