Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември.

Во честитката до сите припадници на бошњачката заедница наведува дека овие празници треба да бидат повод за зајакнување на заедничките заложби за создавање подобри услови за живеење и оти бошњачката заедница, во тој правец, има мношне значајна улога, преку заедничките вредности кои го градат единството, меѓучовечкото разбирање и хармонија во нашата земја.

- Низ годините бошњачката заедница активно е вклучена во јакнењето на Република Макдонија како држава на мултикултурно разбирање и пример за соживот. Тие се важен дел во македонското општество, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ, во која на сите припадници на бошњачката заедница им посакуваат добро празнично расположение исполнето со многу здравје, среќа, радост и бериќет.

28.09.2014 - 12:21

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега