Македонија го одбележува Светскиот ден на срцето

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централната манифестација по повод одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Манифестацијата е во организација на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Министерството за здравство и невладината „Здрава иднина“.

По официјалните обраќања ќе биде изведена детската едукативна претстава „Ах возраснни, возрасни“. Децата ќе можат да творат во ликовна работилница под отворено небо, а за возрасните ќе бидат овозможени бесплатни прегледи. 

28.09.2014 - 10:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега