Груевски: Ќе се трудиме да отпочнеме дијалог за опозицијата

Дијалог со опозицијата ќе се трудиме да отпочнеме, како што се трудевме и досега и ќе продлжиме со тие напори, истакна премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод отчетот за 100  дена влада.

- Ќе се трудиме дијалогот да отпочне и да биде на принципиелна основа како што тоа досега го правевме, но никако нема да дозволиме граѓаните и нивната слободно изразена волја да бидат уценувани или да се создаваат преседани кои ќе воведат понатаму во лоши практики и ќе ја срушат смислата на слободно дадениот глас и поддршката на некоја политичка опција, рече Груевски.

Груевски потенцираше дела стратешки приоротет остануваат евроатлантските интеграции на кој се работи и покрај пречката со спорот за името кој го отвори нашиот јужен сосед.

27.09.2014 - 15:40

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега