СОНК нема поддршка во Охрид - штрајк нема да има

Наставниците на училиштата на ниво на град Охрид донеле одлука да не го подджат најавениот штрајк на СОНК во понеделник.

Ние досега немаме пуштено ниту едно барање до Секторот за јавни дејности, односно Секторот за образование при општина Охрид, дека некој од предметните наставници ќе земе право за штрајк, односно да најдеме соодветна замена. Слушајќи ги изјавите на регионалниот одбор на СОНК во Охрид, знаеме дека наставниците  на ниво на град Охрид се согласиле да не го поддржат штрајкот, изјави претседателот на Активот на директори на училишта во Охрид Јордан Пуроски.

Тој воедно порача дека наставата во понеделник во сите училишта ќе се одвива редовно, а учениците се должни да дојдат на училиште и да ја следат наставата.

27.09.2014 - 15:22

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега