Вељаноски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Вељаноски упати честитка по повод денот на Бошњаците.
               Почитувани припадници на бошњачката заедница во Република Македонија,
            Дозволете ми од мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија да ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам празнично расположение, исполнето со многу здравје, успех и просперитет.
            Припадниците на бошњачката заедница се значаен дел од  Република Македонија, и со одбележувањето на овој ден се афирмира идентитетот и културата на оваа заедница која е дел од нашето мултиетничко општество. Убеден сум дека заедничка ни е определбата да работиме на почитување на различните етнички и религиски специфики, и да продолжиме да ги негуваме и надградуваме со цел подобрување на севкупната положба и квалитет на живеење на сите граѓани во Република Македонија.

            Во оваа прилика сакам да истакнам дека Република Македонија се стреми кон демократска, економски развиена и модерна држава во која сите граѓани ќе создаваат дела и вредности од траен карактер, а со тоа подобра иднина на сите генерации кои ќе следат.

27.09.2014 - 15:03

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега