Охрид: Акција за едукација и поголема безбедност на децата во сообраќајот

Полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР – Охрид ќе реализира акција под наслов „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, активност насочена кон едукација и подигнување на безбедносната култура кај децата како учесници во сообраќајот.

Во рамки на активностите од акцијата вчера во основното  училиште  „Христо  Узунов“ претставници на сообраќајната полиција остварија работен состанок со раководителите  во  основните училишта во градот, на кој беа договорени планските мерки и диманиката за  реализација  на активностите  предвидени  со акцијата.

 

Пред претставниците на училиштата беше промовиран видео-материјалот „Сообраќаен буквар“ наменет за првоодделенците како најмлада категорија учесници во сообраќајот. Toj ќе им биде презентиран и на учениците со цел да се запознаат со основните правила  и  прописи за безбедно вклучување во сообраќајот. Дополнително за првоодделенците ќе биде изведен посебен час на кој практично ќе се демонстрира како треба да се движат на крстосниците и како да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што најдиректно ќе се работи врз градењето и подигнувањето на безбедносна култура кај најмладите генерации ученици,

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, предвидени се слични активности и со децата од претшколските установи.

27.09.2014 - 14:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега