Забрана на сообраќајот на магистралниот пат Охрид - Кичево - еве што се случува

Сообраќајот на магистралниот патен правец Охрид – Кичево на потегот од Пресека до селото Врбјани денеска ќе биде стопиран во времетраење од еден час и тоа во двата патни правци, поради минирање на теренот во рамки на градежните активности за изградба на делната на новиот автопат. Според информациите од СВР – Охрид, застој на сообраќајот е предвиден  во времето од 13:30  до 14:30 часот кога полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот на правецот од  Кичево кон Охрид.

27.09.2014 - 13:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега