Заев преку Алсат им нуди пакт на ДУИ и ДПА за рушење на Груевски

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето интервју за телевизијата Алсат-М, во емисијата „Патот кон“ на новинарот Мухамед Зекири оценува дека двете најголеми албански партии во земјава биле под закрила на ВМРО-ДПМНЕ.

За првиот човек на опозицијата е проблем доминантната позиција на ВМРО-ДПМНЕ врз ДУИ и ДПА. Заев за Алсат-М вели дека во Македонија нема силна албанска опозиција, додека за ДУИ вели дека е целосно поклопена од власта, најверојатно поради личните економски интереси на поединци.

-Не гледам опозиција во албанските политички партии. ДУИ е целосно поклопена од страна на власта. ДПА е целосно поклопена според мене од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е некоја Сушико коалиција, така ја нарече ајвноста. Според моите докази и аргументи кои ги имам таа е комплетно контролирана од Сашо Мијалков и апсолутно немам дилема за нивното однесување, вели Заев.

Заев во гостувањето на Алсат индиректно им нуди пакт на ДУИ и ДПА за рушење на Груевски.

-Спремен сум да разговарам со секој на теми кои се од државен интерес, секако немам предрасуди. Знаете еден од првите чекори кога има избраа за претседател беше посетата на ДУИ и двапати пуштав писмо да се видам со Мендух Тачи. Немам предрасуди, треба да се видиме со сите. Ставовите на партијата се апсолутно кристално чисти, на неколку пати ги имам сопштувано, и овде, кај вас, ние сме левооориентирана партија, ние нашата иднина ја гледаме заедно. Ја создадовме заедно оваа наша Македонија и заедно мора да ја градиме, вели Заев.

27.09.2014 - 12:49

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега