Внимавајте на своите автомобили - крадците го користат секој момент!

Мислејќи дека брзо ќе завршат работа, голем број на македонски граѓани ги оставаат своите возила отклучени со клучот внатре, овозможувајќи им на крадците многу лесно да дојдат до нив.

Како што пишува „Телеграф.мк“ постојат голем број на пријави во кој скопјани останале без возилата откако за момент ги оставиле паркирани не сметајќи на умешноста и брзината на голем број на крадци кои што демнеат низ улиците. 
Таков еден пример е со скопјанец кој останал без својот „голф шестка“ на втори овој месец. Тој возилото го оставил паркирано на булеварот „партизански одреди“, а крадецот за тој период го искористил, заборавениот клуч во бравата и го украл возилото набрзина без да биде забележан.

Таков сличен случај било и со еден аеродромец кој на 16 месецов во утринските часови во моментите кога тргнал да оди на работа сфатил дека му го нема „Голфот петка“.

Вакви случаи ги има во голем број во Кисела Вода, Ново Лисиче и многу други скопски населби.

МВР излезе со податок дека повеќе стотина возила се пријавени како украдени, а попрецизно во првата половина од 2014 само во главниот град се 209 кражби од кои досега се расчистени 45.

Најмногу пријави досега имало во полициската станица Карпош. Согласно статистичките податоци за 2012 пак пријавени биле 172 возила, од кои 79 се расветлени. Ваквите бројки покажуваат дека крадењето на возила од година во година зема се поголем замаф меѓу крадците кои се повеќе се осмелуваат на вакви подвизи, користејќи го невниманието на граѓаните.

Повеќе на Телеграф.мк

27.09.2014 - 12:30
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега