Меѓународна младинска конференција за европските вредности

Млади лица од 12 држави  учествуваат на 12. Меѓународната младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на земјите од ЈИЕ“, што од денеска до 29 септември ќе се одржи во Крушево.

Учесниците ќе ги искажат за своите ставови, ќе разменат искуства и ќе донесат заеднички заклучоци во промовирањето на европските вредности како иднина на земјите од Југоисточна Европа и креирање на европски перспективи преку разбирањето на вредностите кај младите луѓе.

Конференцијата ја организира Младински Сојуз – Крушево, под покровителство на германската Фондација Фридрих Еберт –Канцеларија во Скопје со поддршка Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

27.09.2014 - 10:47
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега