Судот му резервирал соба на Бучковски во скопскиот затвор

Скопскиот Кривичен суд на 17 септември му испратил упатен акт на ексминистерот за одбрана Владо Бучковски за издржување на затворската казна, но останува неизвесно кога тој ќе треба да се појави во затворот за издржување на казната, пренесе Утрински весник.

Владо Бучковски, по повеќе од седум години судење за случајот „Резервни тенковски делови“, со одлука на Апелацискиот суд во Скопје е правосилно осуден на две години затвор, но се уште има право на обжалување на пресудата и ново одлучување во Врховниот суд.

 

„Доколку сакаме да го почитуваме законот, а сите ние, нели, тежнееме кон правна држава, тогаш оваа пресуда ќе мора да биде укината“, вели бранителот на Бучковски, скопскиот адвокат Никола Поленак, кој потврдува дека со најновото барање нема да се бара само укинување на пресудата на Апелацискиот, туку и на Основниот суд Скопје 1.

26.09.2014 - 22:47
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега