Ја фатила за врат - Нападната вработена во центарот за социјални работи во Штип
Нападната службеничка во Центарот за социјална работа во Штип. Утринава момче и девојка кои живеат во вонбрачна заедница, револтирани влегле во канцеларијата на социјалниот работник, барајќи одговор зошто им била укината социјалната помош. Вербалната расправија преминала во физички напад, кога 21 годишната девојка ја фатила за врат службеничката и почнала да ја дави. Повиците за помош ги алармирале и останатите вработени од Центраот кои веднаш повикале полиција.
Добиена е пријава дека 35 годишна жена од Штип, социјален работник во Центарот за социјални работи Штип , во службената просторија била физички нападната од 21 годишна штипјанка.- Изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип
Повредената службеничка веднаш со возило на итна медицинска помош е пренесена во штипската болница, каде се констатирани нагмеченици на едната рака. Против насилничката ќе биде поднесена соодветна пријава. Социјалните работници се жалат дека ова не е прв пат да се најдат на удар на гневот на граѓаните, посебно кога треба да испратат негативни решенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа