Турција ја смени позицијата во борбата против Исламска држава

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека позицијата на Анкара во борбата против џихадистите од „Исламска држава“ се промени по ослободувањето на турските заложници, најавувајќи дека Турција би можела да се присоедини против групата.

- Нашата позиција сега се промени. Процесот што ќе следи, ќе биде целосно различен, рече Ердоган во Истанбул, по враќањето од сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Ердоган истакна дека „неопходните мерки“ ќе бидат преземени од Парламентот на 2 октомври. 

26.09.2014 - 17:30

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега