Над 300 лета на двата аеродроми во Чикаго одложени поради пожар

Над 300 летови на двата аеродроми во Чикаго, Охер и Мидвеј денеска се одложени поради пожар кој изби во контролната кула.

Вработените во Федералната администрација за авијација (ФАА) се евакуирани од контролната кула во Аурора во сојузната држава Илиноис.

ФАА потврди дека имало пожар, но не соопшти други деталји.

Спасувачката екипа која интервенирала во подрумот на контролната кула пронашла маж коиј сам си нанел повреди, по што е хоспитализиран.

Локалните медиуми јавија дека пожарот е подметнат.

Чикаго е една од главните точки за трансфер на летовите од САД, а Охер е еден од најголемите аеродроми во светот, главна дестинација за поголем број на американски авиопревозници.

26.09.2014 - 17:21

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа