"Њујорк тајмс" по грешка извести за оставка на Обама

И републиканците и демократите денеска беа збунети откако ја прочитаа пораката на „Њујорк тајмс“ на Твитер за оставката на државниот обвинител Ерик Холдер со грешен наслов „Оставка од Обама“.

- Снимка во живо: Погледнете ја прес-конференицијата од оставката на Обама“, беше пораката на „Њујорк тајмс“.

Весникот набрзо испрати корегирана вест, која според „Вашингтон тајмс“ беше конфузна и со граматичка грешка. 

26.09.2014 - 17:12

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа