Преживеал една недела во море јадејќи галеби

45- годишниот Рејмундо Родригез инаку искусен рибар го спасил екипажот на еден брод, кој случајно го забележал додека пловел во близина на пристаништето на Акапулко..

 

Мексиканскиот, преживеал една недела во морето јадејќи галеби, откако бура му го потонала чамецот.

 

Капетанот на бродот „U-Fin“,Роберто Одис Васкез, рече дека го пронашле Мексиканецот како лебди на една кутија, гладен, жеден и премрзнат.

 

„Во едната рака имаше остатоци од галеб. Кутриот човек бил толку гладен што не сакал да ги пушти остатоците од галебот, дури и кога го најдовме“, рече Васкез.

На 14 септември Родригез отишол на риболов со својот пријател Марио Моралес. Но, ги фатила бурата „Поло“ и го потонала нивниот брод.

Родригез веднаш е пренесен во болница поради хиподермија и дехидрација, а Моралес починал во несреќата.

26.09.2014 - 16:05

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега