Страшно: Девојки слетале во провалија и паднале на крошна, една погинала а две се повредени

Во сообраќајна несреќа во местото Добра кај Голупча, една девојка го загуби животот, а две се полесно повредени, соопшти денеска полицијата на Пожаревац.

До несреќата дошло вчера попладне кога возачот на Пежо 407 поради неприлагодена брзина ја пробил заштитната ограда, слетал од патот во провалија и застанал на крошната на дрво.

На лице место погинала совозачот Ана М. (17) од Голупча, со лесни телесни повреди се здобила девојката што возела Марија П.(20) од Мајданпек и дваесетгодишната Милица С. од Велико Градиште која била во автомобилот. 

- Повредените девојки се префрлени во болницата во Пожаревац каде им е укажана лекарска помош, се наведува во соопштението.

Против возачот Марија П. полицијата поднесе кривична пријава поради сомнеж дека извршила тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај. 

 

26.09.2014 - 15:48

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега