Претепана службеничка во Центарот за социјални работи во Штип

 

Службеничка во штипскиот Центар за социјални работи е нападната од жена и маж кои живееле во вонбрачна заедница, бидејќи таа им доставила негативно решение, со кое им се укинува социјалната помош.

Настанот се случил во канцеларијата на Центарот за социјални работи, најпрво вонбрачниот пар од ромската заедница почнале вербално да се расправаат и во еден момент 21 годишната жена се нафрлила на службеничката, се обидела да ги ставе рацете околу вратот за да ја дави. Службеничката и нејзината колешка ја спречиле агресивната жена во намерата, а повиците за помош ги слушнале и останатите службеници од центарот, кои веднаш повикале полиција.

Повредената службеничка е хоспитализирана во штипската Клиничка болница, каде лекарите констатирале нагмеченици на едната рака и е задржана во болницата.

Од СВР-Штип велат дека против 21 годишната штипјанка која ја нападнала службеничката во Центарот за социјални работи ќе поднесат соодветна кривична пријава кога целосно ќе се комплетираат случајот. 

26.09.2014 - 15:30

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега