Момчило Аврамовски: Буџетот за 2015 година ја зацврстува здравствената политика

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Момчило Аврамовски се приклучи на расправата на првото продолжение на Комисијата за финансии и буџет по предолг буџетот за 2015 година.

Тој во своето излагање потенцираше дека разгледувајќи го буџетот може да се види дека и во наредната година Владата ќе продолжи со активната економска политика и се очекува продолжување на позитивните економски движења во Република Македонија, предвиден реален раст на БДП од 4% , раст на индустриското производство со 4,4% , градежништвото до 7,5% , земјоделството2,5%  зголемувањње на извозот за 8,5 %   како и зголемување на вработеноста за 2,7 %.

- Карактеристично за овој буџет е што ги опфаќа сите сегмените од општеството од стопанството, образованието, здравството, социјалата, културата, земјоделието, спортот, пензионерите, младите и други сегменти, нагласи Аврамовски.

Тој додаде дека Буџетот во здравството и понатака ја поддржува здравствената политика на Владата и се повеќе го приближува нашето здравство кон европското.

- За здравствениот сектор се планирани околу 1488 милиони денари кои што ќе го продолжат континуитетот на вложувања на Владата, односно на Министерството за здравство за реализација на крупните проекти во Република Македонија, изградба на нови болници, реконструкција на многу здравствени установи, доопремувањето како проект започнат пред две години и во довршување на реформите во здравството.

Пратеникот Аврамовски нагласи дека овој Буџет има цел да овозможи подобра и поголема достапност на здравствените услуги за населението што е една многу важна карактеристика, и целосно здравствено осигурување на населението.         

-Министерството за здравсто има за цел следниве години и тоа до 2015 да го покрие комплет целото население на Република Македонија со здравствено осигурување без разлика на која структура на осигурување припаѓаат или дали се или не се осигурани. Со ова многу малку држави од нашето опкружување може да се пофалат.

 

Аврамовски на крајот ја нагласи важноста на едукацијата во здравство, за што Министерството за здравсто оделува значајна стапка наменета за едукација на лекари и друг медицински персонал во странство, како и за носење на странски експрти во Македонија за да ги едуцираат нашите лекари.    

26.09.2014 - 15:11

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега