ВИДЕО: Објавен трејлерот за "Глуп и поглуп 2"
Премиерата на 20 години очекуваното продолжение на култната комедија "Глуп и поглуп" е се поблиску, па така на интернет е објавена нова доза скечови и зафрканции со Џим Кери и Џеф Даниелс.
Како и оригиналот, новиот филм исто така го потпишуваат браќата Фарели, кои се заслужни за "Сите ја сакаат Мери" и "Јас, јас и Ирена".
Откачениот тандем овој пат ќе патуваат преку цела Америка за да го запознаат синот на Хари.
Филмот се очекува во кината кон средината на ноември.
26.09.2014 - 13:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа