Фалц евра кружат во Македонија
20-годишниот Н.Ц. од Крива Паланка си заработи кривична за фалсификување пари“. Тој на 19.07. за време на манифестацијата „ Пиво Фест 2014 “ во Прилеп си купил пиво со фалц 100 евра, а кусурот му бил вратен во денари. При обидот да пушти во оптек уште една банкнота, бил забележан и спречен во намерата.
Од страна на полициски службеници одземени се трите фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра и денарите кои како кусур му биле вратени.
26.09.2014 - 13:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа