„Дајте ги парите или ќе ве убијам“ - пензионери од Струмица преживејаа хорор
Вистински хорор преживеа двајца пензионери до Струмица. Полицијата поднесе кривична пријава против 29- годишниот И.Н. од Струмица, за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид.
На 16.09.2014 година, во Струмица, разбојникот влегол во домот на 88- годишниот П.Б. и 89- годишната Ѓ.Б., уништувајќи ја телефонската инсталација и со закана дека ќе ги убие им побарал пари. Ѓ.Б. успеала да му ја тргне маската на пријавениот, по што го препознала, а истиот се дал во бегство.
Полцијата работи на откирвање на разбојникот.
26.09.2014 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа