Мажите со пивски стомак се подобри љубовници

Девојки престанете да сонувате за момци кои имаат „плочки”, истражувањата докажаа, подобро би се забавувале со некој кој има пивско стомаче.

Неверојатно, но вистинито. Мажите со стомаче се официјално подобри љубовници од оние кои се трудат да имаат совршени стомачни мускули.

Истражувањето кое е спроведено на 200 мажи, во траење од една година, утврди дека постои корелација измеѓу индексот на телесна маса и сексуалната моќ кај мажот.

Според тоа мажите со поголем стомак можат да издржат дури 5 минути подолго од останатите. Поточно, таквите мажи издржале во просек 7.3 минути, што би значело дека оние без стомаче издржале едвај две минути. Со други зборови, што поголем стомак – толку подобар перформанс во кревет.

Објаснувањето е следното: колку повеќе масти има на стомакот, тоа значи дека мажот има поголемо ниво на естрадиол, женскиот полов хормон, кој помага во одложување на оргазмот.

26.09.2014 - 12:38

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега