Нови детали од истрагата за Дениса Маркоска

Интерпол испрати  телеграма до сите свои претставништва ширум светот посочувајќи ја како  исчезната  23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп која под мистериозни околности на 12 овој месец во раните утрински часови исчезна од бродот „Серенисима“.Во телеграмата на Интерпол се вели дека се бара Маркоска која е висока 165 сантиметри, тешка 50 килогами со кафеава коса и сини очи.

 Во потрагата на Маркоска освен Интерпол, вклучена е и грчката полиција и критската крајбрежна стража.  Но, и по двонеделната потрага, од младата прилепчанка нема ни трага ни глас.

Истрага спроведе и грчкото обвинителство и според анонимни извори,  чудни се околностите и однесувањата на капетанон  на бродот кој  дури по 2 часа го пријавил исчезнувањето. Невообичаено е што од нејзиниот мобилен била извадена сим картичкта, а исто така и нејзината цимерка токму на денот на исчезнувањето, била отсутна на преглед на осторвот Крит. Капетанот пред обвинителствотро се бранел дека  пријавувањето било со задоцнување затоа што проверувале дали Дениса  е можеби на бродот, но немал објаснување зошто бродото воопшто не запрел ако на пример станувало збор за самоубиство каква што беше првичната верзија.

Туристичкиот брод утрото пловел на делница меѓу грчките острови Родос и Крит.

 Родителите на Дениса се очајни поради исчезнувањето на нивната ќерка, но истовремено и гневни поради нетранспарентноста на институциите во чија надлежност е истрагата.

 

 

26.09.2014 - 11:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега