Изборот за мис чиста елитна проституција - се отвори млада девојка
Една 23 годишна девојка одлучи јавно да проговори за нејзиното искуство на еден избор за убавина.
Станува збор за Мерима Хаџиќ од Сараево, која во 2011 година се натпреварувала на Изборот за Мис на БиХ која за локалните медиуми реши да зборува за сè што доживеала на оваа манифестација, за која лиценцата ја има Здравко Зубак.
Мерима била испровоцирана од текстот насловен "Колку чини титула на Мис на Босна и Херцеговина и кој навистина ја одбира" објавен на повеќе босански портали, по што решила на својот Фејсбук профил да напише дека и таа била дел од натпреварот.
-Учествував на еден од овие избори. Дознав од прва рака дека победува онаа која има најдобар спонзор или спонзори. Уште полошо е што овие избори се извор на проституција, напишала Мерима Хаџиќ.
Условите во кои се подготвувавме беа катастрофални. Далеку од центарот на градот каде немаше никаква цивилизација. Исто така, начинот на кои бевме третирани беше понижувачки. Се однесуваа со нас како да сме стока, ја почнува својата приказна Мерима.
Условот за влез на натпреварот како што тврди младата Мерима било да се потпише договор во кој стои дека учесничката мора да има спонзор/и.
- Сето ова ми беше чудно, бидејќи знаев дека на ваквите избори за убавина не треба да бидат влез спонзорите. Јас немав спонзори, ниту пак барав. Па така од самиот почеток знаевме која учесничка ќе победи-Снежана Кузмановиќ, изјавила Мерима, при тоа потсетувајќи се дека неколку дена подоцна од стартот на подготовките се појавила и некоја Лејла која исто така учествувала на изборот за Мис.
-Тој ден сите бевме на фотосесија кај сараевскиот фотограф Енсад Адиловиќ каде ги снимавме официјалните фотографии. Енсад е еден од постојаните фотографи на Изборот за Мис на БиХ и на модната агенција "ABC Models" која пак е во сопственост на Здравко Зубак и неговата сестра и зетот, додала таа.
Според сведоштвото на Мерима, учесничките требале да потпишат еден тип на договор кај фотографот во кој пишувало дека тие мора да имаат спонзор кој ќе ги плаќа трошоците. Освен тоа, тие требале да платат за фотографиите што во превод би значело дека девојките плаќаат за да бидат на Изборот за Мис.
-Изборот за Мис е чиста елитна проституција, вели Мерима и додава дека со неа се сложуваат многу девојки - учеснички.
Мерима раскажала и за непријатната случка која ја имала со фотографот Енсад кој ја терал да се слика гола. За неа ваквата понуда била неприфатлива и одвратна.
- Ми рече дека сака да ми биде дечко и сакаше да ме пољуби. Истите зборови ги употребил и на учесничката Лејла, чие презиме не го знам. Лејла се согласила да се фотографира гола, но подоцна кога сфати што направила, решила да си ги побара фотографиите назад. Му се закани дека ќе го тужи, а тој и кажа дека доколку го направи тоа ќе мора да ги објави голите фотографии, раскажува Хаџиќ.
Taa присуствувала и на една од ревиите на модната агенција "ABC Models", при тоа истакнувајќи дека сите оние девојки кои учествуваат на изборот мора да потпишат договор со агенцијата, но таа не го попишала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа