Нов грабеж во Пошта - полицијата ги фати крадците на дело
Полицијата расчисти два случаи на кражби во Македонски пошти. Според информациите до кои дојде Press24 крадците се фатени по неверојатна грешка која ја направил едниот од нив. Имено, тие оперирале со украдени авотмобили кои претходно ги краделе од блиските паркинзи. Така, во еден момент украдениот автомобил бил забележан од полицска конторла. Полицајците не чекале. Го вклучиле ротациското светло, ја пуштиле сирената и тргнале во потера по крадците, незнаејќи дека истите ја орабиле и Поштата. Во паника, крадците заборвиле една од торбите во која биле украдените пари.
За полицајците тоа било доволни, бидејќи на рачката на торбата имало закачено ливче од чекиран багаж на скопскиот Аеродром. Преку податоците од ливчето, полицијата на кадецот му тропнала на врата. Веднаш бил приведен.
Од МВР официјално потврдуваат дека имаат расчистено два случаи за кражби во Пошта но не откриваат детали за тоа, за колкава сума на пари станува збор ниту повеќе детали за крадците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа