Вооружен маж уби четири ученика
Засега непознат маж со убоди од нож усмрти четири ученика во јужната кинеска провинција Гуангси, јавија локалните медиуми.
Полицијата е во потрага по средновечниот напаѓач, кој ги напднал децата додека оделе на училште. Три од нив починале на самото место на нападот, а едно од децата подоцна во болница им подлегнало на здобиените повреди.
Кинеската агенцијата Ксинхуа јави дека мотивите за убиствата засега не се познати.
Пред неполн месец во сличен инцидент, маж уби три деца и рани неколку други во основно училиште во друга кинеска провинција.
26.09.2014 - 09:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа