ВИДЕО од инцидентот меѓу навивачите на Вардар и Шкендија во Тетово - летаат дрва и камења

Вчера околу 16.00 часот со автобус ангажиран во сопствена режија, во Тетово пристигнале четириесетина навивачи на Фудбалскиот клуб „Вардар“ од Скопје и по улицата „Благоја Тоска“ пешки се упатиле кон градскиот стадион со намера да присуствуваат на првоглигашкиот натпревар помеѓу домашната Шкендија и Вардар.

Истите немале билети за натпреварот ниту било договорено меѓу клубовите присуство  на гостински навивачи односно заради потенцијален ризик клубовите се договориле да не се носат организирано гостински навивачи на натпреварот. Набрзо, тие биле пресретнати од 40 до 50 навивачи на Шкендија, кои во меѓувреме разбрале за нивното пристигнување и излегле од стадионот, меѓутоа со интервенција на ПС од СВР Тетово спречен е физички контакт помеѓу двете групи.

Тогаш, навивачите на Шкендија започнале да фрлаат со камења кон навивачи на Вардар, а тие им возвратиле. При тоа, оштетени се три патнички возила и едно службено возило на СВР Тетово, повредени нема. 

По кусо време, навивачите на Вардар се внесени во автобусот со кој дошле и испратени се кон Скопје, додека навивачите на Шкендија вратени се на градскиот стадион.

По завршувањето на натпреварот, група навивачи на Шкендија, кои се наоѓале на западната трибина, се обиделе да ја пресокнат металната ограда и да влезат на теренот, но биле спречени  во тоа, па уследило фрлање со камења и по главата бил погоден и повреден гостинскиот голман И.П.( 32 ). Навивачката група, потоа се разотишла без други инциденти. Се преземаат активности за идентификување на учесниците во овие инциденти, кои ќе се соочат со соодветни поднесоци. 

25.09.2014 - 22:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега