Илиоски: Со Буџетот се опфаќаат сите аспекти од живеењето

Пратеникот Зоран Илиоски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој говореше на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет по предлог Буџетот за 2015 година во својот говор се насочи кон проекти и програми насочени кон регионалниот развој на Република Македонија.

Илиоски нагласи дека овој Буџет ги опфаќа сите аспекти од живеењето, од образование, култура, спорт, стопанство, потоа грижа за младите, грижа за постарите, земјоделие и сите останати области.

Како член на Комисијата за локална самуправа, Илиоски се задржа на програмата за децентрализација.

- Децентрализавцијата е програма преку која надлежностите на локалните власти се зголемуваат и се подобрува нивниот капацитет за практикување на власта на локално ниво. Напредокот во децентрализацијата е високо оценет од сите релевантни меѓународни институции. И во 2015 година сите општини ќе продолжат со финансирање на пренесените надлежности преку блок дотации. За таа цел во буџетот се одвоени 14 милијарди денари или за 2% повеќе од предходниот Буџет, рече Илиоски.

Како што спомна тој, со овој буџет предвидени се средства за ремномерен регионален развој кој се спроведува преку Министерството за локална самоуправа. Од вкупно планираните средства, 70% се алoцирани за проекти за развој на плански региони, 20% за специфични развојни потреби и 10% за развој на селата.

 

Буџетот исто така обезбедува средства за национално кофинанстирање за проекти кои се однесуваат на меѓуграничната соработка.

25.09.2014 - 17:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега