Родителите одлучни: Казни нема да плаќаме - децата ќе одат во училиште

Опасна игра во која мета се децата води претседателот на СОНК. Неговата изјава во која тој ги повикува децата да не одат на училиште бидејќи настава нема да има наиде на отпор кај родителите. Тие велат дека децата не се виновни за евентуалните проблеми на СОНК и не треба да сносат последици.

Надлежните, пак посочуваат дека настава во понеделник ќе има и децата слободно може да дојдат во училиштата. За оние родители кои сепак ќе се одлучат да го поддржат штрајкот и децата да не ги испратат на училиште, согласно законот ќе следуваат казни.

-Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, основното и средното образование се задолжителни за сите ученици. За непосетување на наставата законите се децидни и предвидуваат глоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска против вредност за родителот, односно старателот кој што ќе го оневозможи наставниот процес за своето дете. Би сакала да апелирам до сите родители да не подлегнуваат на манипулативни изјави за прекин на воспитно образовниот процес и да не ги инволвираат своите ученици за политички цели, вели Надица Николоска, директор на Државниот пазарен испекторат.

Родителите револтирани од односот на раководството на СОНК. Штрајкот не го поддржуваат. А велат дека немаат намера да плаќаат казни заради нечии интереси: - Јас не го поддржувам зошто децата не се виновни за тие да сносат некакви последици, не е коректно децата да не одат на настава бидејќи тие имаат обврски, ќе им се натрупа наставата и ќе имаат многу обврски, а никој нема да дојде да не праша како се справуваме со тоа. Моето дете од понеделник си оди нормална на настава како и до сега, вели Габриела Димитровска Станковска – родител.

 -Не би сакале повторно нашите деца да бидат заложници на некои меѓусебни интереси, се надевам дека Синдикатот и Владата ќе најдат заеднички јазик да го решат тоа во институциите, но не на штета на децата, вели Зоран Јакимовски родител, пренесе Курир.

Она што засега останува јасно е дека СОНК се повеќе ја губи поддршката и се поголем број на гранкови организации одлучуваат да не поддржат штрајкот. 

25.09.2014 - 15:24


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега