Две села во неготинско поврзани со модерен пат

Патот е со должина од 3 километри за што се инвестирани околу 350 илјади евра. 

- Се работи за многу значаен пат за развој на овој регион со што се скратува патот од Неготино за Росоман за цели 11 километри. Патот е значаен и за лозарите кој претхоно одеа по многу лош пат. Сега имаме модерен асфалтен, пат така ова дополнително ќе придонесе за развој на земјоделството во овој регион. Овој пат беше ветен од страна на двајцата градоначалници и од страна на Владата, изјавил министерот Јанакиески.

Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов истакнал дека ова е еден меѓуопштински проект, а инвеститор е Агенцијата за државни патишта.

- Со ова им овозможивме на земјоделците од двете општини, лозарите од Неготинско и овоштарите од Росоманско, но и сите граѓани, полесно да стигнуваат на одредени дестинации, рекол Апостолов.

Според градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов се работи за мошне важен проект.

- Токму овде се наоѓа локацијата за изградба на винарии. оваа локација сега станува уште поатрактивна за потенцијалните инвеститори, изјавил Лазов. 

25.09.2014 - 14:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега