Здружението „Исток“ ја поддржа кампањата за безбедност во сообраќајот

Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ ја поддржува владината кампања „Почитувај ги правилата, почитувај живот“.

Претседателот на Здружението Горан Трпковски денеска на меѓуградската автобуска станица „Руле турс“ истакна дека кампањата е од големо значење за превозниците и оти постојано работат на едукација на професионално вработените возачи и подигање

на нивната свест.

- Се залагаме за нашите професионални возачи, соработуваме со повеќе школи за обука на возачи и постојано работиме на надградба на знаењето на професионалните возачи, кои седнувајќи зад воланот го преземаат ризикот за патниците. Силно ја поддржуваме оваа кампања на Владата и на Министерството за внатрешни работи и сметаме дека само едуцираниот возач, кој ги почитува правилата и другите учесници во сообраќајот е патот до безбедно секојдневие, рече Трпковски.

Здружението „Исток“ го поздрави начинот на кој Владата влијае за подигање на свеста, стекнување сообраќајна култура и презема превентивни мерки за намалување на сообраќајните незгоди.

25.09.2014 - 13:34


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега