И за Карл Билт во Македонија живеат славо-македонци

Бирократскиот геноцид врз македонскиот народ од страна на поединци од меѓународната заедница продолжува. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд, исто така гледа Славо-Македонци и Албанци, но не и Македонци во рамки на најбројните етнички заедници во Република Македонија.

Билд, кој се очекува наскоро да го загуби местото шеф на дипломатијата на Шведска, бидејќи неговата политичка опција не е во рамки на новата владина коалиција во оваа скандинавска земја, важи за европски политичар со најголема активност на социјалните мрежи. Па, така, освен на „Твитер” и „Фејсбук”, познатиот „булдожер-дипломат“ има и свој блог на Интернет каде ги споделува своите размислувања и ставови.

Токму на својот официјален блог (http://carlbildt.wordpress.com/2014/07/10/overraskningarnas-balkan/), тој како последна активност го коментира традиционалниот „Кроатиа Форум”, кој летово се одржа во Дубровник, Хрватска, а на кој учествуваа бројни високи политички претставници на институциите на Европската унија, министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од регионот, како и високи претставници на Соединетите Американски Држави, Русија, Кина и Јапонија. Во своето размислување за тоа како минал Форумот, шведскиот министер, меѓудругото ќе напише:

- Се разбира, овој Форум беше можност за дискусија во однос на состојбите во различни земји. Она што ме загрижува најмногу во моментов е развојот во Македонија. Таму може да видиме прилична затегнатост во односите меѓу славо-македонската и албанската заедница во земјата, посочува Карл Билд во писанието каде се обраќа на шведски јазик.

Шведскиот шеф на дипломатијата, за кого не е проблем да ја условува земјата со Македонија, но мнозинскиот народ го смета за Славо-Македонски, понатаму во својот блог пишува дека „има протести во Скопје, како одговор на голем број на донесени судски пресуди во последно време“.

- Земјата, во некои аспекти е се уште кревка и фактот дека патот кон ЕУ и е блокиран од страна на Грција, за жал не придонесува за нештата да одат на подобро, ќе додаде Билд.
Ваквиот став на првиот дипломат на земја-членка на Унијата, доаѓа една седмица откако новиот американски амбасадор во Скопје, Џес Липинкот Бејли, во американскито Сенат посочи дека во Македонија живеат „мнозинство Словени и малцинство етнички Албанци”, а повеќе од една година откако во Европскито парламент, ЕУ-амбасадорот Аиво Орав, мнозинскиот народ во нашата држава го услови со „Славо-Македонци”. За настапите на Бејли и Орав, македонското Министерство за надворешни работи и државните органи реагираа, упатувајќи протестни ноти до амбасадите на ЕУ и САД во Скопје, па останува да се види што ќе се случи со овој негаторски став на шефот на дипломатијата на Шведска во однос на македонскиот народ.

Сепак, она што загрижува е што бирократскиот геноцид врз Македонците и бришењето на придавката македонски во однос на народот, јазикот и државата, всушност започна со прогрес-извештаите на Европската комисија и Резоуциите на Европарламентот во 2010 година. Најпрво, две години по ред придавката „македонски” исчезна од извештаите и Резолуциите за Република Македонија. Придавката се врати во 2012 година, откако претседателот Ѓорге Иванов се закани дека нема да ги прима европските извештаи без да ја содржат истата, но досега „македонски" се вметнува само еднаш или двапати во извештаите на ЕК и Резолуциите на ЕП и тоа само за именување на „македонски институции” и „македонскии власти”

25.09.2014 - 12:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега