ВИДЕО: Би сакале ли тука да работите?- оваа канцеларија исчезнува после 6

Овие вработени се навистина благословени. Станува збор за вработените во дизајнерското студио Heldergoren со седиште во Амстердам немаат шанси да работат прекувремено, па дури и да сакаат.

Овој концепт за канцеларијата која исчезнува по 6 часот попладне ги „присилува“ вработените да го избалансираат животот.

За нешто помалку од 3 минути, оваа канцеларија може да исчезне и да се претвори во јога студио, подиум за музичка забава или пак во трпезарија за колективен ручек.

„Мислиме дека слободните активности се важни за луѓето да можат да работат полесно и порелаксирано. Знаете, кога на работа имате време да се релаксирате, автоматски добивате инспирација,“ вели дизајнерот на овие генијални канцеларии.

 

25.09.2014 - 12:31


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега