Ѕвездите со скромни барања за Штипска пастрмалијада- француски кревет за Жељко и Јована

Главните звезди на годинашнава Штипска пастрмалијада, немаат некои по­себ­ни барања. Целодневните и целовечерните забави почнуваат денес и ќе траат до недела.

Жељко Јоксимовиќ, кој ќе настапи в сабота, барал са­мо добра соба за семејството, па за него, сопругата Јована и за синот Коста, во хо­те­лот „Оаза" е обезбеден апартман со француски кревет, пишува Вест.

Елена Ристеска, пак, која е главната звезда за вечер од 23 ча­сот, напоменала дека сака само една мала пастрмалија со чаша домашно штип­ско вино. Вечерва покрај Елена, ќе настапат и Маја Вукиќевиќ и Боби Мојсовски.

Аца Лукас, кој ќе пее утревечер, барал една дупла пастрмалија или, како што ја на­ре­ку­ва­ат штипјани швајцована.  Утре ве­чер­та ќе ја отворат Ванчо Тарабунов, Ферус Мустафов и „Биг бенд“ со Соња Тар­чу­лов­ска, а в сабота штипската група „Арес брадерс бенд“ и Александар Тарабунов.

На Жељко Јоксимовиќ од 23 часот гости ќе му бидат Икс факторите Маид Хе­ќи­мо­виќ, Тамара Милановиќ, Лукијан Ивановиќ и Алекса Перовиќ.

Вест дознава дека Да­ни­ел Кајмакоски во последен момент добил забрана за вакви настапи од про­дук­цис­ка­та куќа во Загреб, со која склучил договор за снимање албум.

За прв пат годинава, општина Штип и организаторот ЗГ „Пастрмалијада Штип“ обезбедија и кампинг зона долж коритото на река Брегалница, веднаш до локацијата „Дујле“ каде се одржува манифестацијата.

Општина Штип упатува повик до сите Македонци да дојдат во Штип во текот на следните три дена, бидејќи ова е најдобрата гурманска манифестација во Македонија. 

25.09.2014 - 11:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа