Од „Ало докторе“ препратени во Брза помош

На двајца граѓани од вкупно 274-те повици колку што се случиле во изминатите два дена во рамки на проектот „Ало докторе“, им било укажано да ја повикаат службата за итна медицинска помош 194, пренесува Здравство 24.

Симптомите на кои се пожалиле биле со кардиоваскуларна етиологија( градна болка).

Во најголем број и  другите јавувања од страна на граѓаните за медицински совет на телефонската линија 15123 докторе  биле со кардиоваскуларни и респираторни симптоми. Вчера и завчера во попладневните часови дежурале директорката  на  клиниката за гинекологија  и  директорот на клиниката за очни болести.

25.09.2014 - 10:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега