Еве зошто се скараа Жељко Јоксимовиќ и Харис Џиновиќ

По се изгледа дека блиските пријатели и соработници Жељко Јоксимовиќ и Харис Џиновиќ повторно се оддалечија.

Откако пред три години се смирија и минатото лето отидоа на заеднички одмор заедно со сопругите Мелина и Јована, сега повторно дојде до заладување на меѓусебните односи.

Џиновиќ му замери на Жељко на тоа што тој и Јована не сакаа да дојдат на неговата свадба, која се одржа на 11 јули на луксузна јахта во Дубровник. Тоа, наводно, била причината што Харис не се појавил на венчавката на Жељко и Јелена во црква.

Според гласините семејството Јоксимовиќ не отишле на свадбата на Харис и Мелина бидејќи имале испланиран прв заеднички одмор со синот Коста и не сакаа да го прекинуваат, па Харис им возврати со иста мерка.

 

25.09.2014 - 10:20


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа