Лондончани ќе уживаат во премиерата на „Деца на сонцето“

Долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митриќески, по македонската премиера во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, денеска ќе има светска премиера во Лондон.

Филмот ќе биде прикажан на 22. Интернационален филмски фестивал „Реинденс“ каде ќе се натпреварува во официјалната конкуренција. Во петок, филмот ќе има и втора проекција.

Вечерта, во петок, ќе биде организиран и прием на кој е најавено присуство на македонскиот амбасадор во Велика Британија, Јован Донев. 

Фестивалот се одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври. Постои 22 години и е еден од најголемите и најзначајните фестивали на независен филм. Она што е интересно е тоа што овој фестивал не само што е значаен за Европа, како што е „Санденс“ за Америка, туку фестивали „Реинденс“ има и во Монтреал, Торонто, Ванкувер, Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Берлин, Брисел, Париз и Будимпешта. Целта на фестивалот е негување, поддршка и промоција на независниот филм и на новите и алтернативни филмски автори. 

25.09.2014 - 09:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега