СДСМ го „продал“ водоводот во Охрид и градот го оставил во долгови

Градоначалникот на Охрид откри запрепастувачки договор по непромисленото прашање на опозоцијата кој Охрид го носи во финансиско ропство под шпанска ”Аквалија” пишува Охрид 1.

Поранешната власт на СДСМ и коалицијата целосно ја завршила процедурата за продажба и приватизација на ЈП ‘’ Проаква ‘’ и ЈП ‘’Нискоградба’’ и градот го довела пред свршен чин или да потпише крајно штетен договор кој би се спроведувал и би предизвикувал штети цели 40 години,  или да плаќа казнени пенали.

Ова беше откриено вчера на седницата на Советот на Општина Охрид , каде градоначалникот Никола Бакрачески одговарајќи токму на прашање на советникот Дејан Блажески од ЛДП ги обелодени овие запрепастувачки податоци.

Советникот Блажески праша дали ќе се испуштаат работници од Проаква и што прави власта во Охрид за ова претпријатие, како и што се плановите за иднина ?

Градоначалникот Бакрачески одговори дека власта во Охрид веќе една и пол година прави се што е во законски рамки дозволено да го пролонгира потпишувањето на договорот со шпанската фирма Аквалија, кој е катастрофален по интересите на граѓаните на Охрид.

-Правиме се што е можно да го пролонгираме потпишувањето на договорот за продажба на ‘’Проаква’’ кој е катастрофален за граѓаните, а целата постапка за продажбата и текстот на договорот се завршени додека со Охрид владееше СДСМ – рече Бакрачески и продолжи:

-Овој договор кој е напишан на околу илјада страни,да го пишувал мојот 13 годишен син, кој не знае што е право и што е економија, сигурен сум дека ќе го напишеше подобро и во поголема корист на Охрид.  Со овој катастрофален договор, се предвидува фирмата Аквалија да ги добие сите не наплатени побарувања кои ги имаат ЈП ПРОАКВА и ЈП НИСКОГРАДБА , потоа да ги добие во иднина сите приходи од наплата за користење на вода, и одвод на отпадни води, долговите кои ги имаат Проаква и Нискоградба да останат на нив самите, поточно на градот, и овие две претпријатија да останат без никаков приход, со што или би отишле во стечај или би биле ликвидирани, а работниците би останале на улица – одговори од говорницата градоначалникот Никола Бакрачески.

Повеќе прочитајте на Охрид1

24.09.2014 - 20:46


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа