Жерновски не те сакаме - либералите во Битола бараат оставка од првиот човек на ЛДП

Оставка од претседателската функција на ЛДП е побарано од градоначалникот на Центар Андреј Жерновски од страна на некои од либерал демократите со подолг стаж во партијата меѓу кои и екс градоначалникот на општина Цапари, пишува порталот Битолски весник.

Како што пренесува порталот, доколку Жерновски знаел како ќе биде дочекан меѓу своите на состанок во Битола во понеделникот, Жерновски воопшто и немало да допатува. Младите либерал демократи и го бојкотирале состанокот, а оставката била побарана со образложение дека тој е најголемиот виновник што Роза Топузовска - Каревска на негов предлог станала пратеник, а сега не ја почитува одлуката на партијата и не го враќа мандатот. 

На битолчанските либерали им сметало тоа што Жерновски се дистанцирал од партијата и своите партиски активности ги ставил во втор план. 

Дека Андреј Жерновски ја губи довербата во битолската организација на ЛДП Битола најдобра потврда е што видните членови на партијата го бојкотирале присуството на Жерновски и тој буквално по состанокот немал со кој да оди на вечера, па бил оставен сам да се снајдува во Битола.

24.09.2014 - 20:23


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа