Грчката полиција разби мрежа за шверц на бебиња меѓу Грција и Бугарија

Грчката полиција разби мрежа за недозволена трговија со бебиња кои биле купувани од Бугарки со цел посвојување во Грција, јави БТА.

Уапсени се четворица Грци и двајца Бугари вчера во градот Трикала во централна Грција.

Тие се осомничени дека се вмешани во продажба на 11 бебиња на семејни двојки кои сакале да ги посвојат.

Осомничените ја презеле грижата за жените за да родат во грчки болници.

24.09.2014 - 18:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега